Четврт случај на коронавирус во Италија

0
83

Во Италија е потврден четвртиот случај на инфекција со коронавирус, соопштија надлежните во регионот Ломбардија.

38-годишниот маж бил примен во болница во Кодони, град на северот на земјата.

Во Италија досега се потврдени три случаи на инфекција, со двајца кинески туристи и еден Италијанец, потсетува Ројтерс.