ВМРО ДПМНЕ: Прислушуваните разговори се доказ дека СДСМ не ги доставило „бомбите“ до СЈО

0
80

Петарда, но не и бомба е описот на ВМРО – ДПМНЕ за аудио материјалот на кој се слуша, како пратеникот од нивните редови Антонијо Милошоски интервенира кај поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Опозицијата смета дека, прислушуваните разговори кои се објавија синоќа се од кујната на СДСМ. Според нив ова докажувало дека Зоран Заев не ги предал сите бомби во СЈО и дека тие материјали ги поседува лидерот на СДСМ или негови блиски луѓе кои служат за уцени. Сепак, за партијата, содржината не разговорот помеѓу Милошоски и Вангеловски не открива нарачка на одлука во Врховен.

Во ниту еден случај не чув дека Антонио Милошоски му вика на соговорникот направи вака или направи така, или средив да биде вака или онака по принципот на трас – трас судството кое што го слушнавме во бомбите за Зоран Заев. Повторно би потенцирал и бе се навратил на суштината на овие бомби и на овој случај, најпрво дека Зоран Заев е нервозен и дека се гледа дека направил кривично дело и се уште чува бомби – изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски тврди дека сите бомби кои ги поседувале во СДСМ ги предале во Специјалното обвинителство. Тврди дека бомби на Бихаќка нема.

Јас не ги слушнав. Не знам за што се работи во врска со објавувањето. Знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат. Истражните органи да работат ефикасно, да видат кои материјали се, какви се тие материјали, од каде се објавени, зошто и да се преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа, напротив институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат оние кои што ова го прават – рече Оливер Спасовски, Технички премиер.