ГЕРМАНИЈА ПРЕЈДЕ НА „ВИСОКО“ НИВО НА ЗАКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

0
83

Заради значително и рапидно зголемен број на нови заразени со ковид-19, германскиот центар за контрола на болести го зголеми нивото на ризик од ширење на коронавирус во земјата од „умерен“ на „висок“, а во одредени делови и на „многу висок“.Првиот човек на Центарот, Лотар Вилер, објаснува дека има растечки број на случаи во кои синџирот на заразување не може да се открие затоа што има голем број луѓе што се заразени. Вилер порача дека заради новите проценки станува уште поважно за народот во Германија да ги почитува мерките наметнати од федералните и локалните власти за ограничување на движењето.

Денес Германија имаше вкупно 6.012 регистрирани случаи и 13 мртви. Процената на Вилер е дека бројката е нецелосна и значително поголема заради ограничениот капацитет на тестирање на Германија и чекањето од три до четири дена за добивање на резултатите.