Лидерот на јужнокорејска религиозна група на колена се извини за ширењето на коронавирусот

0
83

Лидерот на јужнокорејската христијанска религиозна група наречена „Небеска култура, светски мир и обновување на светлината“ (HWPL), Ли Ман-хи, клекна на колена и се извинуваше за ширењето на коронавирусот. Властите во Јужна Кореја ја обвинија неговата религиозна група која делува под црквата Шинчонџи дека предизвикала проширување на коронавирусот поради нивните масовни собири во затворени простории.

Како што пренесе „Њујорк тајмс“, во Јужна Кореја има 4.335 лица заразени со коронавирусот од кои повеќе од половина се припадници на ова контроверзно религиозно движење. Претставници на јужнокорејските власти често за оваа група велат дека е секта. Ли Ман-хи (88), во името на своите членови, се извини за заразените случаи.

„Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови“,

рече Ли Ман-хи во денешно обраќање.