Мадрид го претвора саемот во болница со 5 500 кревети

0
83

Денеска бројот на заболени скокна за околу 20 проценти, искачувајќи се на скоро 20.500.

Болниците се соочуваат со недостиг на простор, персонал и материјали.

Новата привремена болница за лекување на болните од коронавирус ќе биде поставена во саемскиот центар ИФЕМА во близина на аеродромот, соопшти локалната власт. Таму, инаку се одржуваат големите саеми, како што е FITUR, најголемиот саем за туризам во Шпанија. Светскиот конгрес за воздушен сообраќај требаше да се одржи таму овој месец, но беше откажан заради коронавирусот.

Потоа, Мадрид се претвори во жариште на заразата со коронавирус со повеќе од 7000 пациенти, пред Каталонија со над 3000 заразени.

Во главниот град, два хотели веќе се претворени во болници, опремени за лекување на коронавирус. Досега, повеќе од 40 хотели со капацитет од 9000 легла се понудија за помош, соопштија од Здружението на хотелиерство во Мадрид.