Проценките се дека пикот на македонската епидемија со корона ќе стаса за еден месец и можно е да заболат 2.000

0
94

Нови три заразени, скопјанец кој пречекал гости од Србија и потоа работел и се движел, и скопска брачна двојка што била на патување во Бугарија и била во самоизолација. Сега бројката на вкупно заболени се искачи на 26 од кои првата пациентка е излекувана. Новите пациенти се откриени на приватната клиника Жан Митрев, а потврдени во државната лабораторија. Се проверуваат сите контакти на новозаболените, рече министерот Филипче и повторно повика на минимални контакти и социјални активности за да нема локално пренесување.

Без разлика на апелот, прогнозите се дека ќе расте бројот на заболени, а истовремено ќе трае борбата да се спречат големи бранови заболени кои може да го нарушат здравствениот систем. Не смее да се дозволи остар врв на епидемијата туку помало зголемување на бројката заразени. Врвот на епидемијата се очекува за еден месец, се епидемиолошките прогнози.

Околу двесте патници кои беа заглавени на унгарско-српската граница денеска преку Деве Баир ќе пристигнат и веднаш испратени во групен карантин во Криволак.

Министерот тврди дека има доволно маски и дека домашните производители ќе произведуваат дезинфекциски средства само за македонски потреби. Разговарано е со кинеската амбасада за помош во респиратори и друга медицинска помош за што ќе се знае до крајот на неделата. Во тек се 6 тестирања на сомнителни случаи, а продолжува и скринингот кога ќе има повеќе тестирања во дебарско и во неколку струшки села каде има повратници од Италија. Доколку продолжат верските собирања без почитување на препораките, Филипче најави дека ќе бара владата во своите мерки да ги забрани во целост групните обреди.

Извор Телма