Рудар се здобил со тешки телесни повреди при работа во рудник во Пробиштип

0
70

Рудар се здобил со тешки телесни повреди при работа во рудник во Пробиштип.

– Вчера во 08:00 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош во Пробиштип било пријавено дека во 06:20 часот за укажување на лекарска помош бил донесен 52-годишнио С.Г. од село Филиповци, кратовско, кој при работа во рудник во Пробиштип се здобил со тешка телесна повреда. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.