Се заострува состојбата на границата: Турските сили пукале кон грчката армија

0
84

Турските безбедносни сили пукале врз грчко воено возило лоцирано на грчката страна на границата, пренесува „Катимерини“.

Тоа не е прв ваков инцидент во кој турските сили пукаа врз грчките војници.

На почетокот на неделата, припадник на грчката гранична служба се најде под оган од турска страна.

Грчката полиција е во состојба на готовност за евентуално масовно влегување на мигрантите, потпомогнато од Турција.

Голем број мигранти се на границата меѓу Турција и Грција, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отвори границите на земјата минатата недела.

Оттогаш се водат преговори со Европската унија за мигрантската криза, а министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, рече во вторникот дека ЕУ треба да стави крај на исплаќањето помош.