Четири нови случаи со коронавирус- кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

0
140

Се воведува кризна состојба на дел од територијата на РС Македонија во општините Дебар и Жупа. Таму има четири нови заразени со коронавирус. Луѓето од овие општини ќе бидат ограничени со движење, нема влез и излез од таму

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени кај лица од Дебар кои имале контакт со втората група на заболени, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Станува збор за луѓе на 55-56 годишна возрас. Поради ова, односно трансмисијатата од човек на човек, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба. Во врска со првите двајца патци има 21 лице кое што е водомашна изолација. Од втората група тоа се тие што контактирале со тројцата заболени од Дебар, се 24 лица, 10 од нив покажале симптоми и четворица ќе бидат хоспитализирани поради позитивни резулати, рече Филипче.

Патничката од Дебар е со вложена здравствена состојба и доколку треба ќе биде поставен ана машина за дишење.

„Кризна сосојба значи дека се ограничува движење, влез и излез во овие Општини. Епидемиолозите веќе се во Дебар за да направат подетална анализа, и попладне развиваме план како ќе ги развиваме контактите на кои лица ќе им с е прават тестови, како ќе се одвива движењето, што ќе функционира. Оперативниот план ќе биде соопштен попладне, после состанокот со Комисијата за заразни болести и Управувачкиот комитет. Оперативниот план ќе разработи како ќе се одвива карантинот“, рече министерот Филипче.

Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром, суспектен со лесно покачена температура изолиран е, земен материјал и изолирани се луѓето кои седеле до него. Ќе се преземат сите мерки доколку се покаже позитивен.

Вкупно во овој момент има 9 пациенти на Инфективна клиника вклучавувјќи ја и првата пациентка , сите 12 луѓе кои беа во домашна изолација се негативни, еден пациент е од Скопје и другите од Дебар. Филипче нагласи дека од утрово целосно се почитува забраната за влез која важи за странски државјани од земјите со висок ризик.

Во однос на непочитување на одлуката на верските заедници кои и понатаму оддржуваат молитви, Филипче рече дека вчера е аплирано до сите верски зедници да ги почитуваат одлуките и дека ќе се превземат казни согласно законската регулатива.

„Ова не е шега, ова многу сериозна работа и мерките мора децидно да се почитуваат. Во рестораните треба да се седи надвор преку една маса и мора сфатат овие мерки дека ова е за нивно добро“, рече Филипче.

Тој рече дека буџетот за Министерството за здравство е пренаменет и сите средства се наосочени кон опрема за Инфективна клиника и заштитни опрема. Посочи дека и другите министерства и институции требна да се снабуваат со заштитни материјали.

„Економскиот тим се состана и се подготвуваме во пренамена на оддели во болниците, набавка на респиратини машини и се што е потребно“, рече Филипче.

Извор Фокус