Бројот на починати од КОВИД 19 во Европа надмина 100.000

0
109

Бројот на починати од корона вирусот надмина сто илјади луѓе. Најновите податоци покажуваат дека КОВИД 19 на Стариот континент зеде 101.676 жртви. Најмногу жртви денеска пријави Велика Британија, 596, следуваат Италија со 433, и Шпанија со 410 починати.

Британската јавност денеска со остри критики кон здравствените власти, и критики дека не се справува соодветно со корона вирусот. Јавноста е вознемирена поради малиот број на тестирања што се прават во болнците, на што докторите велат дека се фокусирани да ја менаџираат состојбата со луѓето кои се болни. За споредбата со Германија, која има многу повеќе тестирања и многу помалку жртви, британските доктори велат дека „важно е да се учи од другите земји“, но истакнуваат дека В.Британија и Германија „се уште се во различни фази од болеста“.