Велигден дочекан со празни цркви без верници

0
82

Со празни цркви, без верници се дочека христијанскиот празник Велигден кај нас и во светот. Поради пандемијата од корона вирусот граѓаните го дочекаа празникот во своите домови. Поглаварот на МПЦ, Господин Стефан посака брзо опоравување на сите заразени и добро здравје за докторите , полицајците и сите други кои се вклучени во надминување на вирусот.

„Христос Воскресе, Христос Воскресе, Христос Воскресе, Навистина Воскресе, Честит и вечен да ни е Велигден“, рече Господин, Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.

Православните верници денеска го слават Велигден. На полноќ воскресението Христово се објави во сите храмови, без верници, поради 85 часовниот полициски час и забраната за движење поради корона вирусот. Во централната велигденска богослужба во Соборниот храм во Скопје, Поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан ја соопшти радосната вест дека Исус Христос воскреснал и посака брзо да се справиме од пандемијата.

„Овогодинешниот Велигден и сите овие денови во кои и ние и многу други народи се бориме против присутната заразна болест, во многу нешта ќе најдат место во современата историја на светот. Но да веруваме дека со молитва и трпение со подвизи и послушание и со грижата на надлежните институции ќе го победиме ова најголемо зло“, изјави Господин, Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.

Архиепископ Охридски и Македонски посака брзо опоравување на сите заразени од корона вирусот.

„Од ова свето место и од овој спасоносен миг исполнети со воскресенска радост го благословуваме сиот наш верен народ. И болните и вработените во болниците. И учениците и студентите. И работниците и спортистите. И полицијата и војската и тие што се грижат и помагаат да се спречи и намали заразата. На сите им посакуваме што поскоро да се вратат на своите секојдневни обврски“, нагласи Господин, Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.

Црквите и денеска низ земјава останаа празни. Литургии по повод Велигден во празни храмови се служеа и низ светот.

Извор АлсатМ