ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНА ПАЦИЕНТОТ КОЈ ЧЕТИРИ ДЕНА ГО ЧЕКАШЕ РЕЗУЛТАТОТ ОД ТЕСТИРАЊЕТО НА КОРОНАВИРУС

0
81

Почина пациентот кој со видливи симптоми на ковид 19 четири дена го чекаше резултатот сместен на битолската болница. Иако пред две недели тој беше позитивен на корона, од болницата велат дека смртта настапила поради други компликации.

Тврдат дека последните два тестови направени кај него биле негативни, пациентот бил целосно излекуван од пневмонијата предизвикана од вирусот, а состојбата му се влошила поради откажување на бубрезите.

„На 27 ми месецов го добивме вториот негативен тест. Пациентот беше излекуван од ковид 19 и излезе од корона зоната. После сите направени контроли снимања, невролошки преглед и психијатриски преглед се одлучи пациентот да се премести на САРИЛ и таму имаше благо подобрување, меѓутоа состојбата ексалира, направи акутна бубрежна инсуфициенција и кардиак арест. Пациентот имаше неколку дијагнози, се лекуваше од шизофренија, невролептичен синдром ковид инфекција тие беа првичните, но секое од нив си носи дополнителни оштетувања на организам кој што страдал.“ – велат од болницата.