Силувано малолетно девојче од Делчево

0
143

Завчера во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево, 29-годишна жителка на Делчево пријавила дека К.Ѓ.(25) од с.Лаки, виничко, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

К.Ѓ. е лишен од слобода, а за настанот е запознаен Јавен обвинител, изготвена е кривична пријава и пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка.