Чеферин: Можеби натпреварите ќе мора да се играат без публика

0
86

Првиот човек на европскиот фудбал смета дека доколку првенствата бидат предвремено завршени, тоа би имало ужасни последици по клубовите.

Претседателот на Европската фудбалска унија вели дека не постои краен рок за завршување на натпреварувањата на Стариот континент.

Поради пандемијата на коронавирус, фудбалските првенства се запрени ширум Европа и не се знае кога би можеле истите да продолжат.

За првиот човек на европскиот фудбал приоритет е здравјето на навивачите, играчите, клубовите. Тој вели дека не постои краен рок за завршување на натпреварувањата на Стариот континент.

– Оптимист сум по природа, верувам дека првенствата ќе продолжат и завршат. Можеби натпреварите ќе мора да се играат без присуство на навивачи, но и тоа е подобро отколку да не се одржуваат мечеви. Во вакви тешки времиња, луѓето би можеле да гледаат фудбал на телевизија и верувам дека тоа ќе им помогне – рече Чеферин за „Кориере дела Сера“.

Извор СлободенПечат