Миња Богавац: Важно им е само колку гласови им носиме

0

Во театрите работат две илјади луѓе и кога на тоа ќе додадете уште 2.353 самостојни уметници, тоа е колку една помала фабрика, а тоа е цел сектор. Кога државата кон тој сектор се однесува како да е мал и неважен, имам впечаток дека само гласовите ги бројат, колку може да добијат од нас. Многу повеќе размислуваат за тоа, отколку за работата што ја работи таа мала група луѓе, вели драматургот Милена Миња Богавац.

Тоа, како што вели, беше особено видливо во вонредната состојба.

„Цела уметничка фела, месец и половина, сите содржини што ги имаше ги направи бесплатни и достапни. Сè што направиле дотогаш, уметниците им го придружија на основната порака од државата: „Остани дома“. Сега, политиката би требала да покаже разбирање, зашто сметаше на сојузништвото со уметниците во помагањето на луѓето, малку попристојно да поминат низ сето ова. Зашто тоа го направија луѓе, кои, исто така, јадат, ги школуваат своите деца, плаќаат сметки и во оваа ситуација се оневозможени да работат“, нагласува Богавац во интервју за порталот Nova.rs.

Писателката, драматруг и слем поетеса верува дека театарот е најмоќната алатка на општествената еманципација.Писателката, драматруг и слем поетеса верува дека театарот е најмоќната алатка на општествената еманципација. Таа е член на Управниот одбор на театарот „Рефлектор“, а од 2018 година, го води театарот во Шабац, каде во текот на вонредната состојба, пронашла начин да им овозможи на хонорарните соработници и студентите по глума да им пружи прилика да работат и заработат хонорар со снимање на интересни приказни во вид на мали претстави, кои им ги разубавуваат деновите на децата во изолација.

Истакнува дека независната сцена е соочена со ужасно тешка ситуација.

„Никогаш не била во лагодна ситуација и во таа смисла, нема да има радикална промена, само не знам од што ќе се прават какви било програми и проекти, ниту пак, во какви услови ќе може да работиме“, забележува таа.

„Независната сцена не е собир на весели аматери кои на својот град му подаруваат дела, туку е високо професионална. Во неа учествуваат луѓе на кои тоа им е единствената работа и коишто таа работа одлично ја извршуваат, со цело срце, вложувајќи ги во тоа сите свои ресурси и знаења. Така што, искрено, немаме многу оптимизим. Мислам дека е страшно што Белград ги укина конкурсите. Мислам дека е неопходно да им се надокнадат средствата на луѓето кои аплицирале на конкурсот и, евентуално ги изработиле програмите во првиот квартал на годината. Верувам дека град Белград би можел да ја преземе таа обврска, што барем за првите неколку месеци би можело да го реши прашањето на егзистенцијата на уметниците и организациите од независната сцена“, истакнува Миња Богавац.

За најавата на премиерката Ана Брнабиќ дека во рамки на платформата „Србија создава“ ќе се распише конкурс за самостојните уметници, вели дека тие работи се неблагодарни.

Не ни е јасно кој е, всушност, надлежен за нашиот ресор. Дали со нас се занимава Министерството за култура или некое тело?„Со аплицирањето на таков конкурс и обидот да ги остварите свои права, фактички треба да му дадете легитимитет на телото кое ни сосема нејасно. Нејзиниот Совет за креативни индустрии (кој стои зад платформата „Србија создава“) прави шум во комуникацијата. Не ни е јасно кој е, всушност, надлежен за нашиот ресор. Дали со нас се занимава Министерството за култура или некое тело? Дали со тоа што вие како самостоен уметник барате да ви се помогне на конкурс за креативни индустрии, автоматски кажувате дека дека уметноста треба да излезе на пазарот и дека креативните индустрии се нова гранка н акоја ќе ѝ се посветиме? Мислам дека тоа е уште еден од предлозите слични на оваа помош за сите полнолетни граѓани со 100 евра, за која треба да одговорите на редица прашања, што трајно ќе влијае на вашето политичко или друго одредување“, предупредува Богавац.

Таа додава дека нема потреба да се прават нови конкурси.

„Сите многу добро знаеме кој има статус на самостоен уметник, колку се на број, како што знаеме и кои се луѓето кои хонорарно играат во претставите на институционалните театри. А што ќе биде со луѓето кои и досега беа фриленсери и можеа да се издржуваат од својот труд, а не можеа да добијат статус на самостоен уметник? Дали во оваа ситуација кога не можат да работат и да ги остваруваат своите приходи, воопшто ќе можат некогаш да го добијат тој статус?“

Единствена помош за независната сцена, смета Богавац, може да биде висок степен на знаења, голема мобилност и прилагодливост во многу лоши услови.

„Единственото во кое се надевам е флексибилноста и големата информатичка писменост на независната сцена, која можеби ќе покаже дека прва и пред сите е во состојба да произведува содржини, кои на нов начин ќе го третираат собирањето и кои можеби ќе ја редефинираат идејата за театар во однос на она што се сегашните услови. Но, сепак, не е фер да ѝ се остави на независната сцена толку голема и важна задача без каков било буџет за програмите“, истакнува Богавац.

Како можно решение за опстанок на независната сцена во оваа ситуација, таа го гледа и сè поголемиот број копродукции помеѓу институционалните и вонинституционалните театри.

„Институциите сега имаат одобрени буџети кои веројатно нема да можат да ги реализираат во полн обем до крајот на годината. Во таа смисла, можеби треба постоечките буџети да се препакуваат така што ќе се работат некои поинакви и помали проекти со стручна поддршка или соработка со независната сцена. Тоа би била малку поопуштена поделба на ресурсите со кои располага културата во овој момент“, вели таа, додавајќи дека во театарот во Шабац сигурно ќе се обидат да направат таков сличен модел. Се надева дека ќе има повеќе слични иицијативи.

Театарот Рефлектор, цело време во текот на вонредната состојба произведувал содржина за Инстаграм и Јутјуб, помеѓу останатото и серијата „Уметникот во криза“, која е некој вид веб играна серија.

„Во наредните месеци планираме да почнеме да размислуваме за можностите за дигитален театар, за претстави кои го користат просторот на интернет, но создаваат впечаток на вистинско театарско искуство. Значи, не се снимка која ја гледате, туку нешто што ве вклучува и каде разбирате дека сте група заедно со останатите во публиката“, објаснува Богавац.

Меѓутоа, не би сакала тоа да биде иднината на театарот, затоа што ако е така, тогаш тоа е „лоша дистописка иднина“.

Искрено се надевам дека ќе дојде време кога театарот ќе може да се врати на својот оригинален облик, кој е многу важен.„Искрено се надевам дека ќе дојде време кога театарот ќе може да се врати на својот оригинален облик, кој е многу важен. Театарот мора да остане тој непосредуван, малку ритуален медиум и место на собирање. Во тоа се состои целата негова убавина и значење, особено во свет кој е толку медиумски посредуван. Добиваме разни искуства по пат на медиумите, а театарот некако остана последното место на чиста, непосредувана комуникација за важните теми“, истакнува Богавац.

Иако не би сакала дигиталното опкружување да стане иднината на театарот, се надева дека експериментирањето со такви форми може да ги унапреди претставите и нивната драматургија, мобилноста и техничката обмисленост, па „кога еднаш ќе се вратиме во театарот да го видиме позитивното влијание, кое сега го истражуваме“.

Нејзината претстава „Јами дисткрит“, во режија на Кокан Младеновиќ, освои 37 награди, меѓу нив и седум на 63-тот издание на фестивалот „Стерино позорје“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра претстава. Моментално ја завршува новата драма „Ворланд апликација“, која во продукција на театарот во Шабац, ја работи со Кокан Младеновиќ и Мирко Грубиќ и целата екипа од претставата „Јами дисткрит“.

„Тоа и пред оваа вонредна состојба требаше да биде форма која вклучува нови технологии и сега, ние под влијание на сето ова што се случи, ќе работиме на начин кој гарантира дека на нејзината изведба не мора да присуствува премногу публика, но искрено се надеваме дека ќе можеме да ја изведеме на отворено, во текот на летото“, вели Миња Богавац.

Извор: nova.rs