ЖЕСТОКИ СУДИРИ ВО ТИРАНА: Го урнаа театарот, граѓаните збеснаа

0
104

Жестоки судири денеска се случија во Тирана, откако беше урната зградата на Народниот Театар, изграден пред 80 години. Владата донесе одлука театарот за биде урнат, на што реагиреше опозицијата и приврзаниците според кои осумдеценискиот објект требаше само да се реновира.

И покрај мерките кои се уште се на сила поради епидемијата во Албанија, денеска голем број граѓани излегоа на протести, меѓу кои и актери, уметници…Протестите ескалираа во жестоки судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, по што беа уапсени 30-ттина луѓе. Приведена е и сопругата на албанскиот претседател, Илир Мета, Моника Криемади, која на протестите дојде како лидер на една од помалите опозициски партии.