Бајден: Ако Трамп изгуби и не ги признава резултатите, од Белата куќа ќе го изнесе војската

0
133

андидатот за претседател на САД од Демократската партија, Џо Бајден, вели дека е можно Доналд Трамп да се обиде „да ги украде“ изборите во ноември.

„Тоа е мојата најголема загриженост. Овој претседател ќе се обиде да ги украде изборите“,

предупреди Бајден во интервју за шоуто на Тревор Ноа.

Но, тој не ја исклучи можноста, доколку Трамп изгуби и притоа не ги признае резултатите, од Белата куќа да го изнесе војската.

Бајден го критикува Трамп за мерките во услови на пандемија и дека во преден план ги ставил своите бизниси, пред здравјето на граѓаните.

„Трамп, всушност, има само едно на ум: бизнисите да продолжат со работа. Ова во никој случај не го штити здравјето на работниците, не им помага на бизнисите да останат отворени и не ја зголемува доверба на потрошувачите“,

додаде тој.

Извор 360°