Османи: Лидерска кај Пендаровски заради консензус пред почетокот на преговорите со ЕУ

0
147

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција рече дека во наредните денови Европската комисија се очекува да ја објави првата нацрт-верзија на рамката за преговори со Македонија, по што ќе се случи усогласување на позициите на ЕУ.

Османи рече дека веќе иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата, со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.

Неговото барање за лидерска средба, рече, не е поврзано со конкретно прашање туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција.

Покрај тоа, рече Османи, потребно е и враќање на целосната функционалност на собраниските тела: Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.