Финансиската полиција ќе проверува дали 4 лица на иста маса се од едно семејство!

0
119

Финансиска полиција ќе утврдува дали четирите лица на една маса се од исто семејство. Од денеска пазарните инспектори заедно со претставници од финансова ќе вршат контроли во угостителските објекти. Отако објектите почнаа со работа се отвори прашањето кои ќе ги легитимира гостите дали ги почитуваат протоколите. Пазарните инспектори тврдат дека за тоа немаат овластување, а истото го посочија и угостителите , поради што побараа од надлежните измени во одредени делови на протоколите. Но засега продолжува да важи истиот правилник за работа, a легитимирањето ќе го прават лица од финансиска полиција.

Во изминатите денови угостителите најмногу казни добиле за примање гости и во внатрешниот дел од објектите, за недоволно дезинфекциски средства во објектот и прекувремената работа.

Казни и опомени има и за хотели дека примале гости. Угостителите реагираа на ова со образлоение дека тие никогаш со уредба не биле затворени. Но од пазарниот инспекторат тврдат дека и за хотелите важат истите уредби како и за сите угостители. За нив се чека да бидат изготвени протоколи за работа.