Џорџ Флојд ќе биде погребан денеска, за полицаецот одредена кауција од 1,2 милиони долари

0
94

Повеќе илјади луѓе присуствуваа на комеморацијата на Џорџ Флојд во Хјустон, чија смрт предизвика бран антирасистички протести во САД и светот.

Комеморацијата во Хјустон, Тексас, е последната од трите собири за 46-годишниот Флојд пред тој да биде погребан денеска на приватна церемонија. Полицаецот Дерек Човин, вчера беше официјално обвинет за убиство на флојд и за него е побарана кауција од 1,2 милиони долари за условно пуштање на слобода.

Човин се појави вчера на суд за прв пат откако се случи убиството, на кратко процесно сослушување преку видео врска.. Тој е обвинет дека за време на бруталното апсење во Минеаполис пред две недели го притиснал Флојд со коленото на вратот и го држел во таа позиција речиси девет минути.

Извор Канал5