Заев – нека за откаже ВМРО ДПМНЕ од кандидатот за потпретседател на Собрание

0
143

Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев придружуван од 19-мината кандидати за министри, го достави во Собранието предлогот за состав и програма на новата влада, само неколку часа подоцна Џафери ја закажа седницата за избор на новата Владата во сабота на пладне. Предвиено е новите министри да бидат избрани најдоцна до недела, на полноќ. Заев уверува дека тенкото мнозинство нема да се одрази на стабилноста и функционалноста на новата Влада.

По критиките на опозицијата дека предвидените 5 заменици на Џафери се многу и се непотребен трошок, Заев реплицира дека предлогот не значи и дека мора да партиципираат 5 мина потпретседатели. Го повика ВМРО_ДПМНЕ да се откаже од свој предлог за потпретседател, по што како што најави истото ќе го направи и неговата партија