ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

0
133

Британската влада има намера да воведе целосен карантин во поголемиот дел од северна Велика Британија, а варојатно и во Лондон, со цел да се бори против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, објави „Тајмс“.

Новите мерки предвидуваат затворање на сите пабови, ресторани и барови во период од две недели.

Претходно оваа недела, премиерот Борис Џонсон рече дека воведувањето на ограничувачки мерки ќе ги загрози работните места, секојдневниот живот на граѓаните и контактите со луѓето.

„Тајмс“ наведува дека ќе бидат забранети и средби на членови од различни домаќинства во затворени простории.

Велика Британија минатата недела воведе мерки со кои се бара сите вработени кои можат да работат од дома, рестораните и баровите се затвораат рано, со цел да се спречи ширењето на вториот бран Ковид-19. Овие мерки се очекува да бидат во сила шест месеци.

Училиштата и продавниците можат да работат, како и фабрики и компании каде работниците не можат да работат од дома, наведува Тајмс, повикувајќи се на висок извор од владата.