Предупредување -Европа ќе се соочи со мрачна зима

0
104

Европските лидери предупредуваат за мрачна претстојна зима во услови на нагло зголемување на случаите со Ковиди-19, што наведува многу земји да воведат нови мерки за борба против вториот бран на пандемијата, пренесуваат светските агенции.

Се повеќе земји во Европа и во светот рушат рекорди во бројот на заразени за еден ден. На врвот на рангирањето се уште се САД со скоро 60.000 нови инфекции во последните 24 часа. Но, со оглед на големината и популацијата, уште полошо е во Франција, каде бројката за прв пат надмина 50.000 нови случаи