ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов дали се слушаме, воздухот во Лисиче е загаден трипати над дозволеното

0
86

Мерната станица за загаденоста на воздухот во Лисиче моментно покажува присуство на канцерогени ПМ 10 честички трипати над дозволеното, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Шилегов дали се слушаме?! Што направи за скопјани да не дишаат загаден и канцероген воздух?! Ништо! Три години преспа. А сега загаденоста на воздухот е поголема од кога било до сега. Слична е ситуацијата и во другите делови од градот, а грејната сезона само што почна“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов ништо не направил, а ветувал многу.

„Токму од Аеродром каде што вечерва е најзагадено, Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше ‘ајро, ајро’ и ветуваше чист воздух веднаш“, додаваат од советничката група на опозициската партија и констатираат дека во моментов воздухот е полош од кога било.