И Шведска го напушта „шведскиот модел“ против ковид

0
85

Со засилувањето на вториот бран коронавирус во Европа и Швеѓаните се откажуваат од благите мерки и го стегаат обрачот.

Шведска забрани собирање на повеќе од осум луѓе, а премиерот на Шведска им порача на граѓаните да не одат во теретани и библиотеки и да не организираат прослави, пренесе Нова.рс.

Најновите податоци покажуваат дека Шведска во однос на бројот на жители, бележи пораст на заразата и стапката на хоспитализација споредено со соседните земји, пишува Фајненшл тајмс.

Беојот на случаи на дневно ниво бележи раст последните недели, а бројот на хоспитлизирани е над 1.000 што е зголемување од 60 отсто споредено со минатта недела,извести државната телевизија СВТ.

Стапката на починати од коронавирус денес е една од најголемите на светот во однос на бројот на населениер, пренесува Бизнис инсајдер (според податоците на worldometers.info, вкупно 6.164).