Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар, Хери Казианис, кој се повикува на два неидентификувани јапонски разузнавачки извори.
Казианис е експерт за Северна Кореја во тинк-тенк Центар за национални интереси во Вашингтон. Тој вели дека семејството на Ким и неколку високо позиционирани севернокорејски функционери се вакцинирани против коронавирус, пренесе Ројтерс.
„ Не е познато која компанија го доставила својот кандидат за вакцини на семејството Ким и дали е докажано дека лекот е безбеден“, додаде тој.