Брутално убиство во манастир: за 50 евра убил монах кој го лекувал од зависност од дрога

0
137

Мотивот за убиството на монахот Стефан, во просторијата крај манастирот Глоговац, најверојатно е користољубие.

Како што дознава Српскаинфо, Драган Шево, кој е осомничен за ова грозоморно злосторство, по убиството украл пари од манастирот Глоговац. Според неофицијални информации, од манастирот биле украдени 100 КМ.

Монахот Стефан беше брутално убиен со две убодни рани, една во градите и една во близина на срцето, пишува Српскаинфо.

Според неофицијални информации, осомничениот Шево наводно имал проблеми со дрога, поради што доаѓал во манастирот на лекување.

Ужасното злосторство се случило во трпезаријата на зградата покрај манастирот. Постои сомнение дека Шево и монахот вечерале заедно, а потоа се случило злосторството.

По убиството, Шево побегнал во Бања Лука со лицето кое го чекало во близина. Полицијата успеа да го пронајде возачот кој осомничениот го одвел од местото на злосторството, но тој тврди дека не знаел за убиството

Откако бил брутално избоден, монахот Сава повикал друг монах, кој во тоа време бил во Шипово, и му кажал дека крвари.

Тој веднаш се вратил во конакот и таму го пронашол избодениот монах Стефан. Според неофицијални информации од местото на настанот, тешко ранетиот монах успеал да му каже кој го нападнал. После тоа, монахот Стефан им подлегнал на страшните повреди.

На местото на злосторот, имало многу крв, на ѕидовите, тепихот и јорганот …