Каракачанов: Бајден може да си каже само свое мислење за Македонија, а не да врши притисок

0
42

ема политичар во светот, па макар тоа е и Џо Бајден кој може да ја промени бугарската политика во спорот со Македонија, изјави денеска бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, во разговорот за бугарската национална телевизија.

Запрашан дали Бугарија може да го промени својот став под притисок на американскиот претседател Џо Бајден, Каракачанов одговори:

„Џо Бајден има право на сопствено мислење толку колку што имам јас право на сопствено мислење. Во мојата држава Бугарија еден обичен бугарски граѓанин има повеќе право на мислење од кој било претседател на голема сила, па макар тоа биле и САД. Тоа е. Не гледам кој бугарски политичар и под чиј притисок ќе го промени решението на парламентот. Што би добила Бугарија од тоа? Ништо“.