Во повеќе наврати силувал деца од седум и пет и пол години и со мобилниот ги сликал жртвите

0
107

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 годиниод член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот,  страв дека доколку  биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд Кавадарци со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од јавното обвинителство.