ДУИ ќе има проблем да го освои Кичево, познато како најмоќното упориште на партијата на Али Ахмети.

0
151

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари е убеден дека ќе победи во првиот круг доколку повторно се кандидира на локалните избори во октомври за втор мандат. Во едно интервју, Таравари објави дека, во трите општини предводени од кадри на Алијансата за Албамците, односот на гласовите во споредба со ДУИ е два спрема еден.

Што се однесува до другите општини, Таравари рече дека врз основа на партиски анкети, зголемена е граѓанската поддршка за опозициската коалиција Алијансата на Албанците и Алтернатива. Според него, на овие локални избори ДУИ ќе има проблем да го освои Кичево, познато како најмоќното упориште на партијата на Али Ахмети.