ГРУБИ: И граѓани кои се откажале од македонско државјанство може да се попишуваат и така да придонесат за правата на Албанците во РСМ

0
20

И граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, а се откажале од македонското, може да се попишат, изјави првиот вицепремиер Артан Груби на албанската ТВ Клан.

Груби рече дека тие граѓани може да се попишат со извод или било каков документ кој што го поседуваат и дека истите тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија.

-Доволно е да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани или каков бил друг документ, рече Груби.