Двајца мажи на 43 и 44 години пронајдени починати во своите домови во Скопје

0
40

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во своите домови во Скопје биле пронајдени двајца починати мажи во своите домови на возраст од 44 и 43 години без траги на насилство.

Едниот бил пронајден во 12:50 часот на улица „Ташко Караџа“, а се работи за лице со иницијали С.А.(44), а другиот во 20.00 часот и станува збор за И.Ј. (43), иако не е наведено местото каде што е пронајден.

И во двата случаи било пријавено од страна на Итната медицинска помош и ќе се изврши обдукција.