Лекар од гостиварска болница изработувал лажни негативни ПЦР тестови

0
22

 

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска (23 март) поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 7 и 9 овој месец,  како лекар во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни „ПЦР-тестови“ и им наплатил 3000, односно 1500 денари или вкупно 4500 денари, а кои им биле потребни за патување во странство.Е.М., кој вчера (22 март) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, со кривичната пријава денеска (23 март ) ќе биде однесен пред Јавен обвинител.