ПОЧИНА ЕКС-ПРАТЕНИКОТ ТАЛЕ ГЕРАМИТЧИОСКИ

0
19

Почина професор Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и пратеник. Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008. Според информациите, починал од компликации од вирусот Ковид-19.

Веста за загубата на Герамитчиоски на социјалните мрежи ја објави неговиот син, а денеска членови на СДСМ се простуваат од својот колега.

Герамитчиоски е роден во Прилеп во 1962 година. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, а работеше како редовен професор на Техничкиот факултет на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.