Османи: Односите Скопје-Софија се на најниска точка

0
22

Претстојните избори во Бугарија ја киднапираа нормалната дебата меѓу нашите држави. Шефот на македонската дипломатија Османи го посочи виновникот за влошувањето на односите меѓу Скопје и Софија, кои според него, го допреле дното во изминатите месеци.

Свикувањето на македонскиот амбасадор во Софија и протестната нота од македонското МНР ја разнишаа вербата за брзо нормализирање на комуникацијата, но Османи е убеден дека по изборите во Бугарија, емоциите во двете земји ќе спласнат.

Потоа очекуваме конкретни рационални разговори, вели министерот, кои ќе доведат до тоа да ги почнеме преговорите со Унијата.

Османи ветува силен дипломатски ангажман во наредните два месеца, со цел надминување на бугарската блокада.