Путин му одговори на Бајден – рускиот лидер му посака само едно нешто на американскиот претседател

0
25

Рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во американските избори и дека го смета за убиец, му посака на Бајден добро здравје.

„Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Путин рече дека има многу чесни луѓе во американскиот естаблишмент и дека Русија ќе се потпира на нив.

Претседателот на Русија оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови, и дека Русија ќе работи само под услови кои се поволни за неа.