Шекеринска за Ковачки- Ем лажго ем плачко

0
38

Да бев како полковникот Ковачки требеше да му вратам на твитер со “Ем лажго ем плачко“ изјави министерката Шекеринска како одговор на новинарско прашање како ја коментира реакцијата на полковникот Ковачки дека ке ја тужи затоа што донела одлука во наредните 6 месеци да зема 30 % помала плата како казна што на твитер го навредувал и му се заканувал на неговиот претпоставен началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Гурчиновски.

Предлогот на воената дисциплинска комисија за инцидентот што го направил полковникот Ковачки како пто рече Шекеринска доставен до неа бил да му се одземе чинот и да добие отказ,но таа сепак се одлучила за поблагата казна. Ковачки подолго време настапува како партиски војник и замислете го навредува и му се заканува на првиот човек на армијата со неговата партија каде е и висок функционер непто пто нигде во свет не би се толерирало и упте се заканува со тужби. Тој требе да одлучи ке и служи ли на армијата на државата или на неговата партија. Нигде не би толерирале навреди какви што тој упати на началникот на генералштабот, Да се заканува дека “долга била раката на ВМРО“ партијата во која тој е , секаде во свет би бил казнет со отстранување на работното место. Затоа вели Шекеринска кога ме прашувате за коментар за најавата дека ке ме тужел јас велам “ем лажго ем плачко“.

Инаку полковникот Ковачки веднаш по објавувањето вчера дека е казнет со 6 месеци помала плата заради заканите кон првиот човек на АРМ, експресно доби подршка на фејсбук од неговиот партиски лидер Христијан Мицковски. Тој во пораката му напиша дека ја има целосната негова подршка и ја потврди и тој заканата од Ковачки- да долга е раката на ВМРО.