Се одржа 93-то доделување на Оскарите

 

Доделувањето на најпрестижната награда во филмската индустрија се одржа и оваа година во холивудскиот дел на Лос Анџелес. Бројките на апликациите во различни категории за Академската Награда оваа година беа зголемени за разлика од претходните неколку години, но по избраните победниците тоа не беше најголемото изненадување.

За најдобар режисер беше избрана Клои Чао, режисерката од Кина која направи историја победувајќи како првата жена со азијско потекло како и втората жена воопшто да ја однесе дома оваа награда. Нејзиниот филм Nomadland ја освои и наградата за најдобар филм, а тука ѝ припадна и наградата за најдобра женска главна улога на актерката Франсис Мекдорманд.

Најдобра машка улога доби познатиот актер Ентони Хопкинс во филмот The Father . За најавување на наградата за најдобра женска споредна улога честа му припадна на Бред Пит, кој ја покани на сцената јужнокорејската актерка Јун Јух-јунг од филмот Minari. Лаура Дерн како победник на минатогодишното доделување во категоријата за споредна женска улога го најави британскиот актер Даниел Калуја од филомот Judas and the Black Messiah како добитник на наградата најдобра споредна машка улога.

Данскиот филм Another Round на Томас Витерберг е најдобар интернационален филм за 2020-та година. My Octopus Teacher ја освои наградата во категоријата за најдобар документарен филм каде минатата година беше номиниран македонскиот филм Медена земја.

Promising young woman имаше најдобро оригинално сценарио, додека песната Fight for you од филмот Judas and the Black Messiah беше избрана за најдобра оригинална песна.

Филмот Mank имаше дури 10 номинации, а освои две награди за Кинаметографија и Продукциски дизајн.

Покрај Театарот Долби како редовна локација за одржување, оваа година поради ситуацијата со Коронавирусот беа избрани и други локации во кои се вршеше директен пренос на настанот.

Ангела Бошкоска