„Се е под контрола“ на Филипче излезе од контрола

0
23

Реченицата на министерот за здравство Венко Филипче „Се е под контрола“ очигледно е дека излезе од контрола. Состојбата по болниците низ Македонија е застрашувачка, веќе креветите се бројат на прсти, а и се појавува во одредени градови и недостаток на кислород.

За првпат откако се појави КОВИД-19 во Македонија Кардиологија и Хирургија од кампусот на „Мајка Тереза“ се КОВИД центри. Веќе граѓаните со различни заболувања седат дома и не можат да одат ниту на преглед бидејќи скоро сите клиники од кампусот на „Мајка Тереза“ се претворени во КОВИД центри.

Сликата и во другите градови не е поразлична имено, КОВИД центрите во Штип и Кочани пополнети до последното место. Модуларната болница во склоп на кочанската болница за 10 дена од отворањето ги пополни сите легла. Пациенти се хоспитализираат и на физикална, а единствено им остануваат околу десет слободни кревети на интензивна нега. Во дневната амбуланта се прегледуваат околу 200 пациенти. Дополнителен проблем е што немаат инфектолог, зашто единствениот кој го имале, заминал во пензија.

„За нашите КОВИД позитивни пациенти, во телефонска комуникација со инфективното одделение при штипската клиничка болница, тие даваат инструкции кој пациент може да остане во Кочани, кој пациент ќе го земат во Штип, а кој пациент ќе продолжи на лекување во Скопје“, изјави деновиве Александар Серафимовски, директор на Општа болница – Кочани.

Исто така и во Охрид исклучително сериозна е состојбата во охридската болница. Никако под 100 не опаѓа бројката на хоспитализирани лица со корона вирус, а дури 70 се приклучени на кислородна поддршка. Сите одделенија се полни со КОВИД пациенти, модуларната болница е максимално пополнета.

И главната сестра и директорот Балевски велат потрошувачката на кислород на дневно ниво е енормно голема. Се хоспитализираат се помлади пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во КОВИД центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Месецов земјава е зафатена од силен бран на корона вирусот. Во моментов има над 19 илјади активни случаи, од кои повеќето се во главниот град Скопје. Според информациите на Министерството за здравство, само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над 1.500 нови позитивни на КОВИД-19. Периодов расте бројот и на смртни случаи“, истакна министерот за здравство во изјава за медиуми.

Филипче вели дека здравствениот систем е соочен со наплив на пациенти со тешка клиничка слика, односно болни кои „имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува“. Министерот наведува дека лекарите и медицинскиот персонал прават се што е во нивна моќ за пациентите да добијат најдобра можна нега.

Содржината продолжува после огласот

Псоријазата ќе исчезне за 7 дена! Едноставен рецепт.
Sponosored by MonadPlug
Сета ситуација со КОВИД-19 која што моментално се случува во државата наидува на критика од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Македонија бележи црни рекорди, Филипче вели се е под контрола. Се било под контрола, а се моли за болнички кревет, ако има и кислородна поддршка за пациентот тоа е веќе бинго. А, ја нема ни основната алатка за борба против корона, ама како и би ја имало кога Филипче наместо да трча да набави вакцини, вози мотори се релаксира“, пишува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ објавено деновиве.