ЗА ЕДЕН ВИКЕНД ВО ПОЛОШКО КАЗНЕТИ 312 ВОЗАЧИ ЗА ПРЕЧЕКОРЕНА БРЗИНА

0
22

Изминатиов викенд (9/10 април) на поширокото полошко подрачје биле спроведени две акциски контроли за брзина со кои се движат возилата надвор од населено место, а во кои вкупно биле откриени и законски санкционирани 312 возачи.Најголемиот број од возачите ја пречекориле максимално дозволената брзина на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци за максимално дозволената брзина на автопатот и „магистралата“ и секогаш да ја прилагодуваат брзината според условите на патот.

Засилени контролни активности за брзина во и надвор од населено место продолжуваат и во наредниот период, дотолку повеќе што пребрзото возење и годинава е најчестата причина за случените сообраќајни несреќи.

Секторот за внатрешни работи Тетово и со совет до возачите да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, изморени или со непроверена техничка исправност на нивните возила.Претстои период на зголемена фрекфренција по патиштата на тетовско-гостиварското подрачје, со учество и на земјоделска механизација, мотоцикли, велосипеди и други возила, поради што неопходна е крајна внимателност, со напомена дека паричните глоби за пребрзо возење се движат од 45 до 400 евра во денарска вредност, а предвидено е и времено одземење на возачките дозволи од три месеци до една година