За 6 часа во полошко санкионирани 43 пешаци

0
17

Вчера (27 април) од 11 до 17 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци, во која биле откриени и санкционирани вкупно 43 прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-11).

Најголемиот број од прекршоците-29 (ТЕ-18 и ГВ-11) се однесувале на преминување надвор од пешачки премин, а преостанатите на непочитување на светлосни знаци (ТЕ-14).Покрај ова, санкционирани биле и 16 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-9).