Михаел Рот предупреди: Цртање нови граници на Балкан е опасен пат

0
83

Михаел Рот, државниот секретар за Европа во германското министерство за надворешни работи, по наводниот предлог на словенечкиот премиер Јанез Јанша, порача дека цртање нови граници на Западен Балкан е опасен пат.

Германскиот државен секретар за Европа, преку порака објавена на Твитер, истакнува дека иднината на државите од Западен Балкан е само како мултикултурни и мултирелигиски општества. Рот смета дека приоритет на Западен Балкан е работа на помирување и соработка, а не промена на границите, што е и официјален став на ЕУ.

„Земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиски општества. Регионалното помирување и соработка се клуч за мирот, демократијата и просперитетот. Поставувањето нови граници е опасен пат“, напиша Рот.