ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово – Тетово е урбaна џунгла во тотален сообраќаен хаос, па најверојатно така е направена и новата велосипедска патека во стилот на рели трасата Париз – Дакар.

0
33

Дали локалната власт се обидува да симулира проекти или еднаш засекогаш ќе се разбуди од двомандатниот сон и ќе се зафати да решава вистински проблеми запрашаа од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово

Целиот говор на Анита Бошкоска Јовановска од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово во продолжение –

Почитувани тетовчани, Тетово се модернизира. Нов градски јавен превоз, еколошки автобуси кои не го загадуваат воздухот, зелени површини и најдоброто од се – нова велосипедска патека, направена по сите аршини. Уште ова да беше реално како штои звучи на хартија, се ќе беше во ред.

Но, јавниот градски превоз се сведе на купување автобуси кои седат паркирани и чекаат некое подобро време кога ќе добијат соодветни рути за движење, но затоа директор си има. Тетово е урабна џунгла во тотален сообраќаен хаос, па најверојатно така е направена и новата велосипедска патека во стилот на рели трасата Париз – Дакар.

Човек треба да покажа фантастични маневарски способности при избегнување на препреки на т.н велосипедски патеки, затоа што ќе наиде на нерамна површина, контејнери кои случајно се нашле таму и нормално, паркирани возила веднаш до белата лента од патеката. Истата е предвидено да се протега до центарот на Тетово, поточно до градскиот плоштад.

Нормално, градските власти не го гледаат ова, а уште помалку на ова обрзнува внимание градската пајак-служба. На сите eнтузијасти им посакуваме многу среќа при обидот за возењето по оваа патека, а ние се прашуваме: дали локалната власт се обидува да симулира проекти или еднаш засекогаш ќе се разбуди од двомандатниот сон и ќе се зафати да решава вистински проблеми?