Погребана Верче Белчовска, Берово ќе собира финансиска помош за семејството

0
18

Дваесетгодишната Верче Белчовска денеска беше погребана откако нејзиното семејство дозволи да се донираат нејзиното срце, двата бубрези и дел од коскениот систем. На почетокот од април беше прегазена од несовесен возач, а во меѓувреме постхумно стана герој во очите на јавноста откако ги донираше своите органи.

Жителите на село Русиново, беровско, денес се простија од својата млада сограѓанка и порачаа дека тие сами не се моќни да помогнат на ова семејство, кое со својата храбра одлука за донирање на органите го покажа она што ретко кој има храброст да го покаже, но побараа чинот да биде награден од институциите.

Делегација од општината со градоначалникот Звонко Пеќевски присуствуваше на испраќањето на младата Верица кон нејзиното вечно почивалиште. Најавија иницијатива за одржување итна седница на Советот на која ќе се побара финансиска поддршка за семејството Белчовски, а во понатамошниот период и ќе се инсистира на разговори на повисоко ниво како институционално да биде зајакната таа поддршка.