Полицијата во Њу Делхи бара да најдат повеќе места за кремирање

0
23

Полицијата на главниот град на Индија, Њу Делхи, денеска побара од градските власти да најдат повеќе локации за кремирање, пренесува Би-Би-Си.

Вториот бран на пандемијата на Ковид-19 опустоши делови од Индија, и преполни се не само болниците, туку и мртовечниците и крематориумите.

Бројот на пациенти од почетокот на пандемијата е близу 19 милиони, покажуваат податоците на страницата worldometers.info, а денеска има 386.452 новозаразени, најмногу за еден ден, додека 3.500 пациенти починале.

Скоро 400 луѓе денеска починаа само во Њу Делхи.

Висок полициски службеник изјави дека семејствата морале да кремираат свои блиски во крематориуми кои не биле наменети за жртви на Ковид-19.

– Затоа, предлагаме да има повеќе места за кремирање, рече тој за каналот НДТВ.