Протекоа приватни податоци на половина милијарда корисници на „Фејсбук“: Телефонски броеви, локации, целосни имиња, датум на раѓање…

0
57

Бројот на мобилниот телефон на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг е еден од украдените лични податоци на 553 милиони корисници на таа социјална мрежа што хакерите ги објавија на Интернет, пишува британски „Дејли меил“.

Името, локацијата и брачниот статус на Цукерберг, датумот на раѓање и корисничката легитимација на Фејсбук се меѓу многуте украдени лични податоци објавени вчера на форумот за хакери, потврди истражувачот за сајбер безбедност, Дејв Вокер.

„Бизнис инсајдер“ пишува дека ги контактирале Фејсбук во врска со протекувањето на овие податоци и дека компанијата им соопштила дека се работи за стари податоци, а тие не сакале да ги коментираат наводите за податоците на Цукерберг.

– Ова се стари податоци кои се веќе пријавени во 2019 година. Овој проблем го најдовме и го решивме во август 2019 година – било речено од Фејсбук.

Се чини дека базата на податоци е иста група на броеви што кружат во хакерски кругови од најмалку јануари, смета Алон Гал, ко-основач на израелска разузнавачка компанија.