Уапсен малолетник со македонско потекло, се заканувал со терористчки напад во Виена?!

0
26

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во Виена.

Малолетникот, наводно не добил одговор од разговор со канцеларот Себастијан Курц, па се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши напад на виенската катердала „Штефансдом“, која се наоѓа во центарот на градот.

Откако е утврден идентитетот на лицето, полицијата веднаш спровела апсење преку своите специјални единици.

Младото момче досега не бил познат на полицијата, а се испитува целокупниот случај и евентуална поврзаност со други лица.

После апсењето, наводно, 15-годишникот рекол дека нема намера да ги спроведе во дело своите закани, и дека наводно сакал само да се пошегува. Кажал дека не бил свесен за последиците од неговото делување.

Сега се наоѓа во истражен затвор.