ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДАДЕ ДОКУМЕНТИ ВО ЈО ЗА КОИ ТВРДАТ ДЕКА ЈА ДОКАЖУВААТ АФЕРАТА

0
22

Опозициската ВМРО ДПМНЕ достави документи до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за кои тврдат дека се индиции за сторен криминал со државни тендери во РЕК Битола во времето кога таму директоруваше Васко Ковачевски. Велат целиот случај е пријавен во МВР и има кривична пријава но обвинуваат дека претрпела измени во ЈО или во МВР.

Од обвинителството велат се уште не ги примиле документите и не можат точно да кажат за што се работи и како ќе постапат.

Од владејачката СДСМ велат дека опоизицијата шири лажни вести, ако има фалсификат на документи Мицкоски да го обвини нивниот кадар во техничката Влада.

сопствениците на споменатата фирма Рубитон се во блиски роднински врски со поранешен директор на РЕК Битола од времето на владеење на ВМРО – ДПМНЕ. Ако има фалсификат на документи тогаш Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да го обвинат нивниот кадар во Техничката Влада, началникот на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал Александар Јанев.

АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола остро ги демантираа пишувањата за наводен скандал поврзан со ископот на јаглен во комбинатот…Нивното објаснување беше дека фирмата која го добила тендерот навремено не си ги завршила обврските согласно договорот. Со реакција се јави и братот на премиерот – Вице Заев кој ја обвини опозицијата за лаги и манипулации.

Извор Тв24