НИКОЛОВСКИ ЗА „РУБИКОН”: МИЦКОСКИ СО ИЗМИСЛИЦИ ПОВТОРНО ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА

0
22

Договорот со фирмата „Рубитон“ која ископувала јаловина, односно земја во рудникот Суводол е раскинат од страна на РЕК Битола на 7 ноември 2018 година затоа што фирмата не го вршела ископот со динамика и количини предвидени со договорот. За тоа постојат записници и други релевантни дokументи од стручните служби на РЕК, а вчера беа објавени јавно од компанијата ЕСМ, рече вицепремиерот за задолжен за борба со корупција Љупчо Николовски на седница за пратенички прашања.

Тој го повика МВР заради „целосно расчистување на маглата, лагите, конструкциите” од опозицијата и да го објави записникот или изјавата од сопственикот на компанијата „Рубитон” за, како што рече, на јавноста да и стане јасно. Неговиот одговор беше на прашање на пратеникот Бојан Стојановски кој праша дали Обвинителството ќе отвори истрага за фалсификување записник, како што вчера на брифинг обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христиојан Мицкоски.

Опозицискиот лидер вчера на брифинг презентираше документи со кои тврди дека Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, изнудувал 250.000 евра провизија од битолската фирма „Рубитон”. Мицкоски тврди дека фирмата била рекетирана откако добила тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Николовски од собраниската говорница рече дека за да се обезбеди навремено извршување на работите за грејната сезона која тогаш била во тек, повикани биле други економски оператори да достават итни понуди за продолжување на ископот и согласно позитивните законски прописи, повикани се Гранит, Машинокоп, Пелистер и СВ Инвест. На повикот се оѕвале две од овие компании кои во целост ги исполнувале законски предвидените критериуми за таа јавна набавка. Спроведено е непосредно наддавање меѓу пријавените оператори, рече Ниоловски, при што најниска цена понудил „СВ Инвест“ односно постигната била истата цена по која се вршел ископот и дотогаш од страна на фирмата со која договорот е раскинат.

– Зад континуираните напади кон РЕК Битола, конкретно за случајот „Рубитон“ се кријат и други причини кои вие од ВМРО-ДПМНЕ дпбро ги знаете. Сопствениците на оваа фирма се во блиски родниниси врски со поранешниот директор на РЕК Битола од времето на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Само во периодот од 2015 до 2018 оваа компанија од РЕК Битола има наплатено 6 милиони евра за истата работа. На крај, сите документи поврзани со овој случај се наоѓаат и кај судските инстанции и во РЕК Битола. Јавноста и Мицкоски можат да ги дознаат. Зад целиот овој случај не стои тој што е номиниран од страна на вашиот лидер, туку Александар Јанев, началник во време на техничка влада на ВМРО-ДПМНЕ, поставен од Наќе Чулев, а по налог на Христијан Мицкоски, рече Николовски.

Според него, обвинувањата на Христијан Мицкоски се „рекла кажала“, опозицискиот лидер, рече вицепремиерот, е опседнат со Зоран Заев и е докажан извор на лажни вести и овојпат на брифинг изнел шпекулации и невистини што немаат врска со реалноста.

– Извртува факти и ја манипулира јавноста зашто нема став, идеја и понуда како да победи на избори. Затоа штанца измислици и нема лице да ги каже на прес-конференција, туку на брифинг во скапата палата. За сите документи што ги имате, знаете каде треба по Устав и закон да се обратите, но немате храброст одговорите да ги барате во институциите зашто ви е тешко да се ослободите од срамот од криминалот во врвот на вашата партија, рече вицепремиерот Николовски.