ВУЧИЌ ОБЈАВИ ВИДЕО КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СРПСКАТА ФАБРИКА ЗА ВАКЦИНИ

0
61

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео за тоа како треба да изгледа фабриката за вакцини, која Србија ја гради со партнери од ОАЕ и Кина.

Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на PCR тестови. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напишал Вучиќ во описот на видеото на Инстаграм профилот.